ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок
Објавено во: Македонија 27 Април, 2024
Првиот ден од мај и вториот ден на Велигден се неработниза сите граѓани, а Велики петок е неработен за граѓаните од православна вероисповед.
Денот на трудот, 1 мај (среда) и понеделник (6 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар, се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Денот на трудот, 1 мај (среда) и понеделник (6 мај), вториот ден на Велигден според православниот календар, се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Исто така, МТСП ќе ве информира дека Велики петок (3 мај) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита претстојниот празник.