ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови
Објавено во: Македонија 29 Април, 2024
ПАРТИИТЕ КАЖАА КОИ ИМ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ
Oд Левица велат дека ќе коалицираат со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава.
Билал Касами од БЕСА вели дека нивната програма ќе биде дел од владината програма, а во неа се уставните измени.
Тој рече дека основен услов се спроведување на уставните измени.
Изет Меџити, претседател на партијата Демократско движење, која е дел од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, изјави дека по изборите на 8 мај не сакаат да бидат дел од некоја влада која нема да биде европски настроена.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за 360 степени изјави дека ако уставните измени се услов на коалицијата „Вреди“ за влез во влада, нема да прифатат.
ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК
Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен Градоначалник на една скопска Општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "Злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ.
Имено, истиот на ден 04.08.2021г. со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на Општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортското игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје.ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ
Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати.
Tие бараат усогласување на платите со растот на минималецот. Како што соопштија од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), ќе бараат и итно да се разреши целиот управен одбор на фондот и поставување на нови членови кои ќе дозволат усогласување на платите.
Вработените во фондот штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.ЧИТАЈТЕ УШТЕ