ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2024
Изет Меџити, претседателот на „Демократско движење“ и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ синоќа во „Топ Тема“ на Телма рече дека за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат побарани гаранции од евроспките истанци дека нема да има нови условувања што ќе стојат на патот на интеграцијата во ЕУ.
Според него, донесувањето на уставните измени останува приоритет, посочувајќи дека кај Албанците нема дилема во однос на тоа прашање, но како што рече, без македонската заедница, без тоа да го определи ВМРО-ДПМНЕ, тоа не може да се тера, додавајќи, само со нивна добра волја.
„Оваа влада ќе биде стабилна и ќе има над 75 и 80 пратеници. Ние сме да се донесат уставните промени. ВМРО-ДПМНЕ истото го има во програмата, но тие се плашат дека и ако ова се апсолвира ќе се испадне нешто друго. Бараат гаранции да не испадне нешто после тоа. Со меѓународната заедница заедно ќе работиме да добиеме нови гаранции и да нема нови услови, но остануваат топ приоритет за што влегуваме во оваа влада која е европски ориентирана“, рече поранешниот градоначалник на Чаир.
Меџити рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го нема арогантниот однос на претходникот Никола Груевски, зашто посочи дека и покрај тоа што освоил 58 пратеници, го посетил штабот на „Вреди“, а разговорите меѓу двете коалиции продолжуваат на дневно ниво.
„Работиме интензивно на составување новата влада. Имаме работни средби и за тоа што ќе се заклучи ќе ги известиме медиумите. Очекуваме најдоцна до 15 јуни да биде готова новата Влада“,рече тој.
За функцијата претседател на Собранието преговорите ќе се одвиваат во втората фаза, но посочи дека ќе ја бараат таа функција да припадне на нивната коалиција.