СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти
Објавено во: Свет 27 Март, 2024
Украинската безбедносна служба уапсила две лица за кои тврди дека шпионирале за руската ФСБ. Двете лица се обвинети за соработка со непријателот и им се заканува казна доживотен затвор.
Во извештајот на службата се наведува дека еден од осомничените фотографирал термоелектрана, наводно за да ѝ помогне на Русија во бомбардирањето на украинската енергетска инфраструктура.
Киев отвори илјадници кривични предмети против лица осомничени дека соработувале со Москва од нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Како што објавија Обединетите нации (ОН), Украина лани отворила повеќе од 6.600 кривични предмети „против поединци за соработка и други злосторства поврзани со конфликтот“ од почетокот на војната.
Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години.
фото СБУ