ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми
Објавено во: Свет 26 Април, 2024
Почина бебето кое лекарите го извадија од утробата на мртвата мајка во Газа.
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено, пишува Би-Би-Си. Тоа е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа.
Но, девојчето после неколку дена имало сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера. 16 деца се убиени при два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа. На 7 октомври лани палестинската група Хамас го нападна Израел и војната уште трае.