ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас
Објавено во: Свет 27 Март, 2024
Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на палестинската терористичка група Хамас
Станува збор за Марван Иса. Ако разузнавачките извештаи се точни, тој е највисокиот лидер на Хамас што бил убиен во Газа од почетокот на актуелниот конфликт меѓу Израел и Хамас во октомври. Иса беше заменик командант на бригадите Касам, военото крило на Хамас. Израелците тврдат дека нападнале подземен комплекс во центарот на Газа помеѓу 9 и 10 март. Се верува дека и друг командант на Хамас, Азиз Абу Тама, бил со Иса.
„Марван Иса беше елиминиран во нападот што го изведовме пред околу две недели“, рече контраадмиралот Даниел Хагари.
Тој се сметаше за еден од организаторите на нападот на Израел на 7 октомври лани. Роден во 1965 година, тој важеше за еден од организаторите на нападот на Хамас во Израел на 7 октомври. Во нападот загинаа околу 1.200 луѓе. Иса помина пет години во израелски затвор. Во 1997 година, го уапсија палестинските власти, но беше ослободен за време на второто востание. Тој преживеа три обиди за атентат – во 2006, 2014 и 2021 година. Неговата фотографија беше објавена дури во 2011 година.
foto EPA-EFE/ATEF SAFADI