Орбaн: Со влезот на мигранти отворен е патот за пад на христијанството
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2018
Унгарскиот претседател Виктор Орбaн и натаму останува на своите цврсти ставови дека не треба да се примаат мигрантите од арапските и африканските земји бидејќи со нив ќе се промени целата слика на Европа каде доминираат христијанските вредности. Тој е еден од ретките челници на земја членка на ЕУ која не ги прифати квотите за прием на мигранти.
Орбан во вчерашниот говор за состојбата на нацијата вели дека христијанството е последна надеж за Европа и оти политичарите во Брисел, Берлин и Париз кои се залагаат за прифаќање мигранти го отворија патот кон „пад на христијанската култура и напредување на исламот“.
Орбан оцени дека исламот „наскоро ќе чукне на вратата на централна Европа“ како што напарви на западот, па и на југот на Европа. Аналитичарите сметаат дека Орбан со овој говор ја започна кампањата за изборите закажани за април годинава на кои се надева дека ќе освои трет мандат.