ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре
Објавено во: Свет 25 Април, 2024
Постои ризик нашата Европа да умре. Ваква порака упати францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој повика на посилна, поинтегрирана европска одбрана и рече дека континентот не смее да стане „вазал“ на САД.
Макрон изјави дека однесувањето на Русија е „недозволиво“ и дека веќе не е јасно каде лежат „границите“ на Москва. Тој додаде дека не смее да се дозволи Русија да победи во Украина.
Во говорот во амфитеатарот на Универзитетот Сорбона во Париз, Макрон рече дека Кина и Русија не ги следат глобалните трговски правила и ја повика Европската Унија да ја промени својата трговска политика.
„Постои ризик нашата Европа да умре. Ние не сме подготвени да се соочиме со ризиците“, рече Макрон.
Остануваат уште три години од неговиот втор и последен мандат по губењето на парламентарното мнозинство во 2022 година.