КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?
Објавено во: Свет 25 Април, 2024
Во урнатините на градот Кан Јунис се пронајдени 392 тела.
Кризниот екипаж за цивилна заштита во Палестина ископа 392 жртви кои се наоѓаат во новосоздадените масовни гробници. Повеќето се деца. Причината за масовно присуство на детски жртви е непознато. Велат дека жртвите биле мачени.
Постојат претпоставки дека некои жртви биле веднаш убивани на терен, додека на телата на другите имало траги од тортура, а останатите биле живи закопани. Неколкуте жртви биле закопани во пластични кеси на длабочина од три метри, што го забрзало нивното распаѓање. Обединетите нации денеска повикаа на „јасна, транспарентна и веродостојна истрага“ за масовните гробници откриени во двете големи болници во Газа, кои беа цел на израелските војници.
Израел демантира дека нивни војници ги закопувале жртвите во масовни гробници. Војната меѓу палестинската терористичка група Хамас и Израел почна лани на 7 октомври, откако терористите извршија напади на израелска територија.