ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри
Објавено во: Балкан 18 Април, 2024
Форензичар вели дека убијците можеби ја распарчиле или ја запалиле убиената Данка Илиќ од Бор. Се сомнева дека деловите од телото се однесени на 50 или 60 километри.
„Мое мислење е дека осомничените направиле нешто со телото на девојчето. Дека ја распарчиле или ја запалиле, а деловите ги однеле можеби дури и на 50, 60 километри. Тие грешат ако мислат дека ќе добијат помала казна бидејќи го нема телото. ДНК на детето е пронајдено во возилото на осомничените за да бидат осудени на доживотен затвор“, вели Часлав Ристиќ, српски форензичар.
Рече дека единствена шанса да се најде телото на девојчето Данка Илиќ е на осомничените во затвор да им пработи совеста.
„Од моето долгогодишно искуство, се случува осомничените по одредено време да бидат свесни за тоа што направиле и да побараат разговор со обвинителот за да откријат што направиле со телото. Неретко се случува осомничените да имам грижа на совест, меѓутоа, се сеќавам на случаи кога осомничените молчеа за телото 40 години и ја носеа тајната во гроб“, објаснува Ристиќ.
Данка Илиќ (2) е убиена на 26 март годинава во Бањско Поље, а Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) признаа дека прво го удриле детето со возило, а потоа едниот од нив го задавил и го фрлиле.
Драгијевиќ во Вишото јавно обвинителство во Заечар го призна убиството на детето, дека телото го фрлил на депонија, но два дена подоцна го префрлил на друга локација која не сака да ја открие. Телото не е пронајдено.