УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф
Објавено во: Балкан 29 Април, 2024
Во Германија e убиен српски рапер, a за убиството е уапсен косовски Албанец. Причината наводно е коцкарски долг.
Раперот и угостител Александар Стефановиќ (38), попознат по неговото уметничко име Алекс М, е застрелан и убиен пред ресторан во Дизелдорф, во неделата рано наутро. На убиството му претходела расправија. Полицијата го уапсила осомничениот пред локалот.
Во неделата околу 2 часот и 45 минути во кафуле најпрвин настанала расправија меѓу жртвата и 52-годишниот осомничен. По расправијата излегле од кафулето, кога се слушнале истрели. По пукањето, осомничениот маж се вратил во кафулето и чекал да пристигне полицијата. Тој без отпор се предал.
Уапсениот, според полицијата, е 52-годишен косовски Албанец, жител во Германија. Иако полицијата и итната помош се обиделе да го реанимираат на лице место, 38-годишниот сопственик на локалот им подлегнал на повредите.