17 Мај, 2024
0.3469

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

Објавено во: Економија 30 Април, 2024

Добивај вести на Viber

На претстојното акционерско Собрание, акционерите на „Макстил“ ќе гласаат за распределбата на добивката на овој челичарски гигант во земјава.

Она што е битно е дека целата добивка од 5,8 милиони евра ќе се намени за покривање на загуби од претходни години. 

„Нето добивката во износ од 355.552.079 денари (5,8 милиони евра - н.з.), остварена во деловната 2023 година, се распоредува за покривање на загуби од работењето на Друштвото од претходните години“, се вели во предлог одлуката.

Ќе има промени и во Статутот на нашата најголема челичарска компанија „Макстил“, а тоа треба да биде потврдено на акционерското собрание кое ќе се одржи на 30 мај оваа година.

Во своите предлог одлуки за Собранието, од компанијата ја информираат инвеститорската јавност дека целта на овие измени на Статутот е потребата од намалување на бројот на членови на Одборот на директори, како и усогласување со добрите корпоративни практики.   

„Поради потребата од намалување на бројот на членови на Одборот на директори, како и намерата за усогласување на одредбите на Статутот со добрите корпоративни практики, се предлагаат следните измени на Статутот на Друштвото“, се вели во образложението, и се наведува како ќе изгледаат новите членови на статутот.

„Собранието на Друштвото, при вршењето на правата и обврските, одлучува само за прашања коишто со закон и со овој Статут се утврдени како прашања што спаѓаат во надлежност на Собранието на Друштвото, и тоа: го усвојува Статутот и измените и дополнувањата на Статутот на Друштвото; одлучува за зголемување и намалување на основната главнина на Друштвото; ги разгледува и ги усвојува годишната сметка и финансиските извештаи на Друштвото, како и годишниот извештај за работењето на Друштвото во претходната деловна година, го разгледува извештајот на друштвото за ревизија; одлучува за употребата и распоредувањето на остварената добивка или за покривањето на загубите; одлучува за нова емисија на акции на Друштвото  и промена на правата врзани со одделни родови и класи акции; одлучува за статусни промени и за престанок на работење на Друштвото; ги избира и ги отповикува членовите на Одборот на директори и го  утврдува надоместокот којшто ќе им се исплаќа на неизвршните членови на Одборот на директори за нивната работа; ја одобрува работата на членовите на Одборот на директори; назначува овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи и одлучува по предлогот за раскинување на договорот со овластениот ревизор; одобрува големи зделки во согласност со член 56а од овој Статут и со Законот за трговски друштва; одлучува за престанување на друштвото; и одлучува за други прашања од значење за работењето на Друштвото, предвидени со Статутот“.

Друг член предвидува дека „Одборот на директори е орган на управување на Друштвото, којшто има најшироки овластувања во управувањето со Друштвото и врши надзор на работењето на Извршните членови на Одборот на директори. “

А, во еден од членовите се наведува дека „Одборот на директори на Друштвото го сочинуваат 7 (седум) членови, од кои што 5 (пет) се неизвршни членови, а 2 (два) се извршни членови, избрани во постапка и на начин во согласност со закон.

Двајца од петте неизвршни членови на Одборот на директори ќе бидат избрани како независни членови.

Во одлуката на Собранието за избор на членови на Одборот на директори се назначува кои членови се избираат како независни членови на Одборот на директори. Независните членови на Одборот на директори задолжително се избираат од редот на неизвршните членови на Одборот на директори.

Мандатот на член на Одборот на директори трае 4 (четири) години, со можност за реизбор.

Членовите на Одборот на директори од своите редови избираат Претседател на Одборот на директори на Друштвото.

Одборот на директори се состанува најмалку еднаш квартално, во согласност со закон, при што еден од состаноците мора задолжително да се одржи во рок од еден месец пред одржувањето на годишното Собрание на акционери.”

Член на Одборот на директори не може да биде лице коешто има некое ограничување предвидено според Законот за трговските друштва.

Акционерите ќе гласаат и за одобрување на работата и водењето на работењето на Друштвото од страна на членовите на Одборот на директори на Макстил АД Скопје за 2023 година.

„Собранието на Друштвото ја одобрува работата и водењето на работењето на Макстил АД Скопје за 2023 година, поединечно за секој член на Одборот на директори (ОД) на Друштвото со активен мандат на 31 декември 2023 година, кои работеа во составот на ОД во текот на целата година, како што следува:

-  Г-дин Димитар Цветковски;

-  Г-ѓаМарија Дуковска-Павловска;

-  Г-ѓа Александра Мишковска;

-  Г-дин Стефано Грамиња;

-  Г-дин Луис Кристиан Карстенс;

-  Г-дин Алесандро Казале и

-  Г-дин Пјетро Москети“, се вели во предлог одлуката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА