Бројот на загинати од невремето во Европа се искачи на седум
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2018
Најмалку седум лица загинаа во силното невреме кое ги зафати Холандија, Белгија и Германија и други европски земји. Најмалку три лица загинаа во Германија, каде ветерот корнеше дрвја и туркаше камиони надвор од патот.
Ветерот се движи со брзина до 140 километри на час, а откажани се стотина летови. Во Брисел загина жена, откако дрво ѝ паднало на автомобилот, а во Белгија повредени се неколку лица.
Во источно холандската провинција Овересеј загина маж на возраст од 62 години, кога го удрила по лицето гранка од дрво, а друг 62-годишен маж загинал кога во источниот град Еншедеу, дрво му паднало врз автомобилот.
Во централниот град Вурен загина 66-годишен човек кој паднал од неколку метри височина. Прекин во снабдувањето со електричната енергија има во Грција, Велика Британија, Германија, Холандија, Белгија, Романија и други делови на Европа.