ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа
Објавено во: Балкан 27 Март, 2024
Прифатен e предлогот на Дора Бакојани од Грција, Косово да стане член на Советот на Европа.
Против одлуката беа претставничките на Црна Гора и БиХ, Маја Вукиќевиќ и Сњежана Новаковиќ, како и две претставнички на Србија, Билјана Пантиќ Пиља и Дуња Симоновиќ Братиќ.
На гласањето по ова прашање му претходеше извештајот на известувачката на ПССЕ за Косово Дора Бакојани, која побара од Приштина да исполни три услови, меѓу кои и враќање на имотот на манастирот Високи Дечани.
Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека одлуката на Политичката комисија на Парламентарното собрание за препораката за прием на Косово во Советот на Европа е срамно и скандалозно.