УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење
Објавено во: Балкан 25 Април, 2024
Убијците на Данка Илиќ од Бор се испратени во Белград на психијатриско вештачење.
Срѓан Ј и Дејан Д., од притворот во Заечар се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, дознава Танјуг.
Вештачењето се врши за да се утврди дали тие биле здрави во моментот на извршување на кривичното дело, односно дали биле свесни за своето дело и за последиците.
Двегодишната Данка исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор. Тие со службено возило го удриле детето, eдниот од нив го задавил и потоа телото го фрлиле на депонија, по што го преместувале и до ден денес не е најдено.