СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство
Објавено во: Балкан 25 Април, 2024
Србин кој се бори во Украина бара рускиот претседател Владимир Путин да му помогне. Тој не смее да се врати во Србија, затоа што му се заканува затворска казна, а руско државјанство не добил.
Српскиот платеник Александар Јокиќ, кој се бореше на руската страна во Украина, сними видео порака упатена до Путин. Тој се пожали дека нема руско државјанство, поради што може да биде депортиран во Србија, пишува Лента.ру.
Доколку биде депортиран во Србија, му се заканува затворска казна од 25 години затоа што учествувал во војна во странска држава. Јокиќ изјавил дека поради воените заслуги добил голем број одликувања, меѓу кои и орденот за ослободување на Мариупол. Тврди дека бил и ранет.
Тој рече дека единицата во која се борел е распуштена и дека другите единици одбиле да потпишат договор со него. Србинот кажа дека би сакал да остане во Русија и да продолжи да ги брани руските интереси во зоната „специјална воена операција“.
Претставникот на Државната дума, Александар Хинштајн вети дека ќе се најде решение.
„Србинот ќе добие привремен азил. Ситуацијата е малку посложена бидејќи тој не потпишал договори со Министерството за одбрана, туку со волонтерските формации на Доњецка Народна Република (ДНР)“, рече тој.
Тој додаде дека веќе стапил во контакт со првиот човек на ДНР, Денис Пушилин и дека наскоро ќе испрати петиција до претседателот на Русија за да му се даде руско државјанство на Јокиќ. Тој потврди дека Русија во четири наврати одбила да му даде државјанство на Јокиќ.
На почетокот на јануари, Путин потпиша декрет за доделување руско државјанство на странци кои потпишаа договор за служење во руските вооружени сили и членовите на нивните семејства.