05 Мај, 2024
0.0291

Во селото Николиќ виреат мандарини, но тие имаат еден непријател кој може да ги „покоси“

Објавено во: Македонија, Агробизнис 16 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Повеќето жители на дојранското село Николиќ засадиле мандарини во своите дворови и тие успеваат, а само силниот мраз е нивен непријател.

Мештаните раскажуваат дека засадиле мандарини за свои потреби. Климата одговара. Има сонце, вода, а само силниот мраз во зима може да ги оштети дрвцата по што тешко се опоравуваат. Тие сметаат дека од човек на човек информациите ќе се шират и ќе се зголемува бројот на оние кои ќе засадат мандарини. За да тоа дали во иднина ќе има цели плантажи, не се сигурни, затоа што дрвцата бараат нега, a младите oбично ја одбегнуваат земјоделската работа. Жителите на Николиќ велат дека климатските услови кои ги имаат во овој дел од Македонија, се вистински благодет, кој овозможува да успеат смокви, маслинки, калинки и слично.

„Јас имам две дрвца во дворот кои се засадени пред неколку години. После 3 години веќе раѓаат по некој плод, но полн род очекуваме по 5 години од засадувањето. Тие не се прскаат, бараат вода, а колку ќе одат дрвцата во височина зависи од кроењето. Во зима ако има мразеви треба да се заштитат, да се покријат со најлон. Многу луѓе во Николиќ имаат засадено мандарини во дворовите. Во ова село жителите поседуваат и земја која ја обработуваат“, раскажува Даниела Ангелова, жителка на Николиќ.

Се смета дека развиено дрво може да даде 10 колограми мандарини. Рушка Газетиќ од Стар Дојран засадила едно дрво и очекува род.

„Јас имам засадено едно дрвце и очекувам после 5 години да има род. Убаво е луѓето да имаат мандарини за свои потреби“, додава таа.

Но, има и такви кои засадиле, а при јаки мразеви дрвцата настрадале затоа што не биле соодветно заштитени.

„Јас имав засадено, меѓутоа пред неколку години имаше силни мразеви, не беа соодветно покриени и измрзнаа. Но, такви студени зими со јаки мразеви може да се погодат еднаш во пет години“, вели жителка на Николиќ.

Научниците велат дека мандарината содржи антиоксиданси, многу витамини, минерали, штити од многу болести, а според некои истражувања штити и од карцином на црниот дроб. Медитеранската клима во Дојран нуди доста предности. Инаку, Николиќ е живо село во кое има околу 500 жители.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/bearfotos

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник