ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2024
Земјотрес предмалку беше почувствуван во Скопје.
На повеќе онлајн платформи за земјотреси е регистриран, но не е познато со која јачина бил и каде е епицентарот.
Жители на Драчево велат дека земјотресот ги разбудил од спиење и дека за среќа траел кратко.