26 Април, 2024
0.0314

ВМРО бара морална одговорност од повисоко ниво за слчајот со силуваното девојче

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Пред Министерство за труд и социјална политика обраќање до јавноста имаше Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми е замајување на јавноста и затскривање на вистинските виновници.

„Директорот што си поднесе оставка не се поставил сам на функцијата. Тој е назначен и претпоставените во хиерархијата морале да имаат увид во неговата работа и да реагираат на несоодветното постапување многу порано, пред да се случи трагедијата, односно последиците по детето. За ова одговорност имаат сите над него, почнувајќи од министерката Мила Царовска“, истакна Мирческа во своето обраќање.

Таа нагласи дека морална и кривична одговорност мора да има и на повисоко ниво.

„Одговорност мора да има и во ОЈО и МВР, кои повеќе од 6 месеци не преземале никакво дејствие во насока на заштита на девојчето. ОЈО и МВР не презеле никакво дејствие и во однос на кривичната пријава против злоставувачот. Овие институции не постапиле и ги игнорирале фактите“, рече Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

Мирческа додаде дека скандалозниот однос на институциите и негрижата која ја манифестираат државните органи е недозволив.

„Министерката Царовска и сите институции кои направиле пропуст во делувањето и не му пружиле заштита на злоставуваното девојче мора да сносат морална и кривична одговорност. Царовска не смее да се затскрива зад директорот на Домот и мора да преземе одговорност. Информацијата дека е силувано и забременило малолетно девојче во државна институција, кое треба да биде под државна заштита не беше доволен повод Министерката за труд и социјални работи, Мила Царовска да преземе итни мерки за заштита. Институциите не смеат да молчат. Судбината на детето не смее да биде жртва на неодговорноста и негрижата на власта. Одговорност мора да има. Граѓаните очекуваат одговорност и оставка од Царовска“, вели Мирческа. 

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби