07 Мај, 2024
0.0263

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Објавено во: Македонија 26 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денес во одговор на новинарско прашање рече дека по изборите на 8 мај, како стандардна процедура, ќе има и избори во неговата партија. 

Ова тој го искоментира како одговор на тоа дали ќе поднесе одговорност по големата разлика во првиот круг на претседателски избори помеѓу Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

- Кај нас статутот бара одржување на отчетен конгрес со анализа на резултатите и после да има избори во кој се бара изјаснување за избор на претседател на партијата како и други партиски органи како централен одбор, извршен одбор,потпретседатели и така натака,Тоа е стандардна процедура, рече Ковачевски.

Тој рече дека по изборите ќе се прават анализи на ниво на општинските организации, како и на ниво на извршниот и централниот одбор.

Во меѓувреме ги повика гласачите масовно да излезат да гласаат на претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај.

- Граѓаните испратија јасна порака - таа порака ние јасно ја примивме, но со крената глава продолжуваме во вториот круг. Знам од што се незадоволни граѓаните, порача Ковачевски.

Тој додаде дека во негативен прилог во однос на изборниот резултат оделе серијата на глобални кризи и големата инфлација.



Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта