„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби
Објавено во: Македонија 26 Април, 2024
Препукувања и на албанската политичка сцена. Откако вчера Артан Груби со куфер дојде пред општина Чаир, каде градоначалник е Висар Ганиу кој е дел од колаицијата ВРЕДИ, и им порача да си заминат, му се обрати Ганиу.
„Артан, терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај!“, напиша тој на фејсбук.