ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот“, соопштуваат од МВР.
Граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.
Македонските граѓани денеска гласаат за избор на шеф на државата.