ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“
Објавено во: Македонија 27 Март, 2024
Кандидатката за претседател oд Левица, Билјана Ванковска реагираше на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски за уставните измени во која нагласува дека неговата партија се залага за одложена примена на измените на Уставот.
Ванковска вели дека ова е уште една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ги прифати уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот доколку ја освои власта и формира Влада.
„Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата. Моето „лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме Уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени Уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи „поглавје по поглавје“, реагира професорката Ванковска.