УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!
Објавено во: Свет 24 Април, 2024
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, го потпиша законот за пакетот помош, со кој се обезбедува воена помош за Украина, Израел и Тајван, пренесува „Асошиејтед прес“. Пакетот за помош е во вкупна вредност од 95 милијарди долари и вклучува речиси 61 милијарда долари помош за Украина, 26 милијарди долари за Израел и 8 милијарди долари за Тајван.
„Тоа е добар ден за Америка. Добар ден е за Европа. Ќе ја направи Америка побезбедна. Ќе го направи светот побезбеден. Испораката започнува веднаш, во следните неколку часа“, рече Бајден.
По неколкумесечни борби во Сенатот околу помошта за Украина, тој пакет помош конечно беше одобрен. По потпишувањето на законот, Бајден рече дека конечно се е готово, но сега мора да бидат брзи, објави Си-Ен-Ен.
Првата транша од помошта за Украина од 61 милијарда долари вклучува и воена помош - противвоздушна одбрана, ракети за артилерија, оклопни возила и друго оружје. Сега е прашање на време кога ќе пристигне помош за да може деморализираната украинска армија да ги одбие нападите на руската армија.
„Во моментов ништо не им оди во прилог на Украинците во Донбас, како и во другите делови на земјата. Господинот Путин мисли дека може да игра некое време. Ќе треба да се обидеме да го надоместиме изгубеното време“, изјави Џон Кирби, портпарол за национална безбедност на Белата куќа.
Фото: Принтскрин/Твитер