18 Мај, 2024
0.0265

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

Објавено во: Свет 05 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“. 

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ.

„Има гладување, целосно гладување на север и се шири кон југ. Тоа е ужас“, изјави Синди Мекејн, пренесува Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека нејзината организација бара прекин на огнот и непречен пристап до Газа со цел да испорача хуманитарна помош.

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците. Фидан додаде дека должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците.

Тој изјави дека отпорот на „израелската окупација“ повеќе не е војна меѓу Израел и Палестина, туку „борба меѓу угнетувачите и угнетените ширум светот“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху силно ги отфрли барањата на Хамас за прекин на војната во Газа во замена за ослободување на заложниците, велејќи дека тоа ќе ја задржи палестинската исламистичка група на власт и ќе претставува закана за Израел.

Лани на 7 октомври палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел. Потоа израелските вооружени сили почнаа со операција во Појасот Газа. 

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто