Трамп влегува во трка за Нобеловата награда за мир?
Објавено во: Свет 03 Мај, 2018
Група поддржувачи на американскиот претседател, Доналд Трамп во претставничкиот дом испратила писмо до норвешкиот одбор и со тоа и официјално го номинирала Трамп за Нобелова награда за мир, пишуваат светските медиуми.
Републиканецот Лук Месерби и неговите колеги напишале писмо со кое ја поддржуваат номинацијата на Трамп и тврдат дека заслужува награда поради дејствувањето за завршување на Корејската војна и донесување мир на Корејскиот полуостров.
Наведуваат дека откако го почна својот мандат, Трамп неуморно работи да создаде максимален притисок на Северна Кореја за да ја запре нејзината забранета програма за вооружување и за да донесе мир во регионот.
По историскиот состанок на водачите на Северна и Јужна Кореја, многу експерти и јужнокорејската министерка за надворешни работи, заслугите за официјалното прогласување на крај на Корејската војна му ги припишаа на Трамп.
Ако Трамп ја прими оваа награда. ќе биде петиот американски претседател на кој му е укажана таква чест. Теодор Рузвелт, Вудро Вилсон, Џими Картер и Барак Обама претходно ја примиле Нобеловата награда.