TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци
Објавено во: Свет 29 Април, 2024
Нов терористички напад се случи денеска во Русија.
Пет милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и пукале, при што загинале двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти денеска руската полиција на Телеграм. Напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и пукале од автоматско оружје.
Во конфликтот загинаа двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда, објави РИА Новости.
Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако пукале кон нив, украле оружје и побегнале.
На 22 март во салата Крокус во Москва се случи терористички напад во кој четворица државјани на Таџикистан убија над 140 луѓе.