05 Мај, 2024
0.0263

Тодор Петров со најостра осуда: БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ ГО ЗАТВОРИЈА ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО БЛАГОЕВГРАД НА ДЕН ВЕЛИГДЕН

Објавено во: Македонија 26 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Светскиот македонски конгрес предводен од Тодор Петров, изразува најостра осуда за затворањето на Македонскиот клуб во Благоевград. 

Тодор Петров вчера на свопјот фејсбук профил објави дека Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува бугарските власти и полиција, под чиј притисок, како што пишува, „на ден Велигден е затворен единствениот Македонски клуб во Благоевград (Горна Џумаја), додека истовремено целиот државен врв на Бугарија продефилира низ битолските улици поради отворањето на антимакедонскиот и фашистички “Бугарски културен клуб Иван Михајлов“ во Битола“.

„СМК изразува разочарување од одлуката на сопственикот на просторијата каде што бил сместен Македонскиот клуб во Благоевград, кој по барање на полицијата им го откажал закупот, иако Македонците редовно ја плаќале закупнината, поради што сега остануваат на улица, без своj простор каде може да се собираат и да одржуваат состаноци.

СМК ја повикува Македонската влада да им помогне на Македонците во Благоевград во обезбедувањето на простории за остварување на нивните активности!

СМК бара Македонската влада да протестира пред Бугарската влада, ООН, ЕУ и ОБСЕ за кршење на правата и слободите на Македонците во Пиринска Македонија и во Буагрија!

СМК бара итно и безусловно раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и итно и безусловно распуштање на меѓувладината македонско-бугарска комисија за ревизија на Македонската историја!

СМК повикува на историско македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, меѓутоа врз основниот принцип на Повелбата на ООН и на меѓународното право на “суверена еднаквост“ што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите пашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи!

СМК очекува Македонската влада да побара реципроцитет во македонско-бугарските односи! Што за Бугари во Македонија, истото за Македонците во Бугарија!“, се вели во објавата на Тодор Петров на неговиот фејсбук профил. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува