ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО - ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА ДОБИ ВТОРО ПРОДОЛЖЕНИЕ?: Еве ги деталите
Објавено во: Македонија 12 Април, 2024
Синоќа во Тетово се случило пукање, објави ТВ 21.
За среќа нема жртви, а полицијата е на терен и врши увид, со што повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.
ТВ21 од неофицијални извори дознава дека овој инцидент е поврзан со настанот и пукањето пред тетовската болница од 11. јануари оваа година.
Според првичните информации пукано е со „калашников“ кон едно лице, но не е погодено. На лице место биле најдени најмалку пет куршуми.
Пукањето се случило на улицата Илинденска, која беше затворена од полицијата, и се проверувало секое возило во близина.
Случајот во полиција го пријавил извесен М.Т. од Тетово кој во пријавата навел дека во неговата куќа било пукано од возило во движење.
„Во 22:45 часот М.Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. Досега нема пријава за повредени лица“,информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.
https://mk.tv21.tv/vecherva-pukane-vo-tetovo/
.