05 Мај, 2024
0.0308

Османи: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е работа на Обвинителството

Објавено во: Македонија 22 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателскиот кандидат од редовите на ДУИ, Бујар Османи, рече дека слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори „Македонија повторно твоја“ е шовинистички и дека Обвинителството треба да поработи на тој случај.

- Слоганите коишто за жал македонската опозиција ги има во оваа кампања се косат директно со членот 137 од Кривичниот законик. Слоганот „Македонија повторно твоја“ е најшовинистичкиот слоган што можеше да се измисли, бидејќи со тоа сакаат да кажат дека фактот што има премиер Албанец или министер за надворешни Албанец, Македонија била на Албанците и сега треба да ја земеме од нив и да ја вратиме на другите, рече Османи.

За министерот за надворешни работи, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за 61 пратеник е „круна на шовинизмот“  со која се враќа, како што вели, етничката супремација од едно време.

- Ете тоа се тие барања коишто даваат работа за јавниот обвинител во однос на членот 137 и тоа што ги извади луѓето на улица вчера за да го кажат својот глас, истакна Османи на прес-конференција во Скопје.

Слоганот „Македонија повторно горда“, додава Османи, значи дека не била горда затоа што има премиер Албанец, затоа што имала министер за надворешни работи Албанец, па зарем тоа не е најшовинистичкото можно барање од еден кандидат којшто сака да биде претседател на оваа држава.

-За кого сум работел како министер за надворешни работи во овие четири години? За кого работи Талат Џафери како премиер на оваа држава или Фатмир Бесими како министер за финансии. Зар не работевме за сите, за овие граѓани, за оваа држава за да стане европска, вели тој.



Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца