ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2024
Центарот за управување со кризи(ЦУК) информира дека имало пожар во Домот за стари лица во Банско, а повредени нема.
Синоќа, половина час пред полноќ, избил пожар на еден кат од Домот за стари лица во село Банско, Струмица. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот целосно е изгаснат во еден часот по полноќ.