ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Според податоците на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) излезеноста на избирачките места на првиот круг од претседателските избори до 11 часот е 12,78 отсто или гласале 229 417 гласачи.
Овие проценти и бројки се врз основа на обработени 3.416 избирачки места од вкупно 3.508 во општините на територијата на целата држава.
До 11 часот, во проценти најголема излезеноста на граѓаните со право на глас има во Демир Капија каде гласале 23,99 отсто граѓани.
Најмал процент на гласачи до 11 часот излегле во Куманово и тоа 4,22 отсто од запишаните избирачи во оваа општина.
Според досега обработените податоци, во апсолутни бројки, најмногу луѓе гласале во Битола и тоа 12.386. Најмалку гласачи во апсолутни бројки, до 11 часот излегле во Чучер Сандево, каде гласале 100 граѓани.