Нови правила за Црногорските плажи: Нема веќе плаќање влез и лежалки
Објавено во: Балкан 16 Декември, 2017
На плажите на црногорското крајбрежје според новиот Закон за туризам ќе биде забрането за плаќање на влез , пишуваат тамошните медиуми.
Исто така, условот дека мора задолжително да користите лежалки и чадори на плажите во Црна Гора ќе стане минато.
Во предлог законот за туризам, кој е утврден на седница на Владата, се истакнува дека ќе биде забрането условување на задолжително користење на плажни реквизити, а ќе биде забрането и издавање на скутери и држење на истите на плажите.
Ќе биде забрането да се донесуваат домашни миленици на плажа, освен на предвидени локации за тоа, а паркирање на возила исто така нема да биде дозволено.
Според новиот Владин документ им „одѕвони“ на дилерите на соби и апартмани, кои во последните години се повеќе се присутни во градовите на приморјето.
Во предлог законот пишува дека ќе биде забрането да се кампува надвор од дозволени камп места, а во спротивно инспекторот кој е надлежен предлага мерки на надзор кога се утврди дека личноста кампува надвор од просторот одреден за кампинг.
FOTO: PIXABAY