Не одете во Грција без пари – банките не работат!
Објавено во: Балкан, Финансии 25 Октомври, 2012
Банките во Грција денеска ќе бидат затворени поради 24-часовен штрајк на банкарските службеници, организиран по иницијатива на нивниот синдикат.
Банкарските службеници протестираат поради повлекување на измена во законот, со која се предвидува приклучување на фондовите од здравството кон организацијата за здравствени услуги (ЕОПИИ).
Грција деновиве ја зафатија серија штрајкови, меѓу кои се најавува неработење и на адвокатите и на фарамцевтите.