19 Мај, 2024
0.0252

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

Објавено во: Финансии 08 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Се повеќе луѓе користат картички во секојдневното пазарење, како во продавниците, така и во електронските набавки. Но, новина е што граѓаните почнуваат се почесто да користат функции кои досега послaбо се применуваа.

Па така имаме значителен раст на бројот на граѓани кои ги користат банкоматите за да уфрлат пари на својата сметка, наместо вообичаената навика да повлекуваат односно да вадат пари од банкоматите.

-  Трендот на пораст на вкупниот број трансакции со платежни картички издадени од домашни издавачи на уредите лоцирани во земјата продолжи и во 2023 година и тие достигнаа 171,5 милиони платежни трансакции при годишен раст од 14,6 отсто. Притоа, користењето на платежните картички на физичките места на продажба и местата на продажба за е-трговија забележа висок годишен раст од 17,3 проценти – истакнуваат од Народна банка на Македонија.

Од НБРСМ истакнуваат дека картичките беа користени за повлекување и внесување готовина на банкоматите забележувајќи годишен раст од 3,3 проценти кај бројот на готовинските трансакции.

Податоците покажуваат дека минатата година имало раст на структурното учество на бројот на трансакции на физичките места на продажба достигнувајќи 74,8 отсто во 2023 година. Од друга страна има намалување на трансакциите за повлекување готовина од банкоматите.

-  Како резултат на промената на навиките и културата на плаќањата на граѓаните и компаниите, употребата на платежните картички на домашните места на продажба за е-трговија забележа годишен раст од 11,3 отсто – соопштуваат од Народна банка во нивниот годишен извештај.

Воедно од Народна банка потенцираат дека бројот на трансакции за внесување готовина на банкоматите забележа годишен раст од 18,3 отсто, но нивното учество во вкупниот број трансакции со платежни картички е сѐ уште непроменето и ниско 0,7 проценти.

-  И во 2023 година се бележи раст на бројот на трансакциите во земјата со платежни картички од странски издавачи. Така, на уредите лоцирани во земјата се извршени 17,3 милиони трансакции со платежни картички издадени од странски издавачи, при што е остварен значителен годишен раст од 38,2 отсто. Анализирано од аспект на нивната употреба, и во текот на 2023 година сè повеќе се користени за плаќање на физичките места на продажба, коешто при годишен раст од 41,2 проценти, доведе до зголемување на нивното учество од 1,7 п.п. коешто достигна 83,6 отсто – укажуваат од НБРСМ.

Учеството на картичките за повлекување готовина од банкоматите е намалено и спаднало на 11,4 отсто, додека учеството на употребата на платежните картички на местата на продажба за е-трговија е стабилно и непроменето 4,9 проценти, при висок годишен раст од 37,7 отсто.

-  Значителен годишен раст од 33,3 проценти во 2023 година е забележан кај употребата на платежните картички издадени од домашни издавачи на уредите лоцирани надвор од земјата, при што се извршени 16,1 милион трансакции. Притоа, забележана е зголемена употреба на платежните картички на уредите на физичките места на продажба со годишен раст од 37,8 отсто, што доведе до зголемување на нивното структурно учество коешто достигна 70,4 проценти и зголемена употреба на платежните картички на местата на продажба за е-трговија на странски субјекти од 24,6 отсто годишно. Повлекувањето готовина со домашни картички на банкоматите во странство и натаму е ниско (структурно учество од 1,2 отсто, со незначителен годишен пад од 0,3 п.п.) – истакнуваат банкарите.

П.О.


Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат