ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2024
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Македонија.
„И честитам на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија за таа цел на напредокот и благосостојбата на нашиот народ, како и на просперитетот на целиот регион“, напиша Вучиќ на платформата Х.
Претходно, и унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитка.