МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Полицијата излезе со детали за изборниот процес. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше дека од отворањето на гласачките места од 7 часот не се забележани поголеми проблеми.
„Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип. Во радовишко, едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување. Во Чаир се забележани летоци врз паркирани автомобили, а се регистрирани и два графити. На едно гласачко место во Скопје, од страна на шеф на избирачки одбор, е пријавено дека е пронајдена испукана чадна бомба“, вели Ангеловски.
Тој повика граѓаните да се воздржат од инциденти, а доколку ги има, да пријават во полиција.