20 Мај, 2024
0.0261

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Објавено во: Економија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал   


Минатата недела се одржа состанокот на Федералните резерви на САД на кој имаше доста важни објави за макроекономските и деловните податоци, кои во целина ги задоволија инвеститорите и помогнаа да се анулира добар дел од априлската корекција на пазарите.  


Во САД, 1 мај го обележаа објавите на кварталните резултати на берзанските компании 

Во САД, каде за разлика од Европа не се славеше Денот на трудот, деновите околу први мај беа обележани со објави на кварталните резултати на берзанските компании. Фокусот беше главно на Apple, кој поради успорениот раст на продажбата на iPhone и регулаторните проблеми, оваа година е далеку зад повратот на своите конкуренти во технолошката индустрија. Приходите на Apple повторно паднаа на годишно ниво во првиот квартал, но прогнозите на аналитичарите беа малку попесимистички. Инвеститорите особено ја поздравија најавата за откуп на сопствени акции во рекорден износ од 110 милијарди американски долари. Акциите на Apple поскапеа повеќе од 8% во изминатата недела. И покрај тоа што сезоната на објава на резултати сè уште не е завршена, веќе можеме да кажеме дека најголемите технолошки компании уште еднаш ги оправдаа високите очекувања на инвеститорите во првиот квартал од оваа година и генерално, значително ги зголемија своите профити. Прогнозите за остатокот од оваа година исто така се главно охрабрувачки. Во исто време, растот на профитот во однос на последните квартали, кога растот беше концентриран во неколку најголеми технолошки компании, се прелева на поширок дел од пазарот, што го зајакнува оптимизмот на инвеститорите и во другите капитални инвестиции и создава постабилен раст.  


ФЕД ги задржа клучните каматни стапки на нивото од јули минатата година 

Немаше сомнеж дека американската ФЕД ќе ги задржи клучните каматни стапки на нивото на кое беа од јули минатата година. Затоа, пазарите се фокусираа на говорот на првиот човек на ФЕД, Jerome Powell, кој не покажа загриженост за инфлацијата, која останува прилично леплива во САД помеѓу 3% и 4%. Неговите погледи за економскиот раст беа исто така доста оптимистички. Врвот на позитивната недела на американските берзи го покажаа податоците од пазарот на трудот, кои може да се протолкуваат како лоши. Трендот на високиот раст на платите се намалува, а невработеноста се искачи на 3,9%. Во исто време, во април беа отворени помалку работни места во САД отколку што беше предвидено. Оттука, податоците покажуваат дека состојбата на пазарот на трудот се смирува, но наместо заладување, се работи за нормализирање, што доколку продолжи овој тренд позитивно би се одразило на инфлацијата.  


Европските компании не беа импресионирани од нивните квартални резултати 

Инвеститорите беа нешто помалку ентузијасти за кварталните резултати на европските компании. Некои гиганти во областа на луксузни стоки ги чувствуваат последиците од влошувањето на економската клима во Кина, додека брзорастечкиот дански производител на лекови Novo Nordisk уште еднаш забележа исклучителни резултати, но цената на акцијата се лизна врз основа на најавите за потенцијален нов конкурент во областа на лекови за слабеење, Amgen. Amgen, во објавата која е нумерички оскудна, објавува дека нејзиниот потенцијален лек е подеднакво или дури поуспешен од конкурентните лекови произведени од Novo Nordisk и Eli Lilly. Но, од пораките на двата гиганти од фармацевтската индустрија, главниот предизвик не е да се направи конкурентен лек, туку да се обезбедат доволни количини за да се влијае на пазарот, бидејќи изградбата на производствени капацитети во фармацевтската индустрија трае многу години, а конкурентната позицијата на Novo Nordisk и Eli Lilly засега не е загрозена.  


Податоците од европските компании покажуваат знаци на постепено закрепнување на економскиот раст 

Гледано во целина, најголемите европски компании солидно и пркосат на неубедливата економска ситуација на стариот континент во првиот квартал. Податоците, сепак, продолжуваат да покажуваат знаци на постепено закрепнување на економскиот раст, но тој и понатаму е слаб. Во исто време, разликите меѓу поединечните земји опстојуваат, а пред сè, јазот помеѓу индустрискиот и услужниот сектор продолжува да расте. Априлскиот PMI за производство беше најнизок оваа година 45,7, од друга страна, PMI во услужната дејност се искачи високо на територијата на раст во април, на 52,9. Германија и Австрија бележат најлоши податоци, додека Шпанија и Грција позитивно се издвојуваат. Податоците за растот на БДП од 0,3% во првиот квартал потврдија дека состојбата во еврозоната донекаде се подобрува.  Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции со поволна вредност Нешто поохрабрувачките податоци од кинеската економија и предвидувањата дека кинеските власти ќе го зголемат обемот на стимулативни мерки, ги охрабрија странските инвеститори, кои почнаа да купуваат поволно вреднувани кинески акции. Закрепнувањето на локалните берзански индекси на тој начин доби на интензитет во последните недели. Сепак, подобрувањето на расположението на кинеските берзи не значи дека неизвесноста и структурните проблеми во кинеската економија се решени. Особено во секторот на недвижности се уште нема знаци на подобрување. Но, фактичката состојба во економијата е едно, т.е. чувството на берзанските инвеститори е друго. Ако инвеститорите почувствуваат дека трендот се менува, акциите можат да донесат добри приноси и покрај фактот што состојбата на економијата нема значително да се подобри.  


СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ 

Најголемо влијание врз пазарите на капитал извесно време имаат централните банки или очекувањата за нивото на каматните стапки. Можеме да очекуваме дека ова влијание ќе продолжи и во наредните месеци. Пазарите на капитал овде се во малку подобра позиција. Доцнењето на намалувањето на каматните стапки главно е резултат на добрата макроекономска ситуација во глобалната и особено американската економија. Овој силен раст, од друга страна, го кочи падот на инфлацијата. Лепливата инфлација и повисоките каматни стапки се два негативни фактори на пазарот на обврзници. Како резултат на тоа, приносите на обврзниците се високи и во средина на очекуван пад на инфлацијата и пониски каматни стапки (иако не до 2025 година) се атрактивни инвестиции бидејќи нудат позитивни реални приноси. Се ближат изборите во САД, кои имаат значително влијание врз пазарите на капитал, а во исто време го следиме порастот на геополитичките тензии, кои и двете ги принудуваат инвеститорите да инвестираат во глобално диверзифицирани портфолија. Глобално диверзифицирано портфолио со комбинација од акциски и комбиниран фонд како што е Генерали Америка и Генерали Топ Брендови и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, е најдобриот одговор на предизвиците што ги носи 2024 година. Комбинацијата на вложувања во обврзници и акции во моментов ја претставува вистинската комбинација на принос и безбедност. Инвеститорите кои прифаќаат поголем ризик се привлечени од приказната за фондот Генерали БРИК. Индија ја замени Кина како најбрзо растечка, но многу подобро регулирана земја, а Кина се бори со својата најлоша економска криза во последните 25 години, но вреднувањето на кинеските акции е многу привлечно по значителниот пад во последните години и нуди потенцијал за натпросечно долгорочни приноси за трпеливи инвеститори.  Диверзификацијата на приносите на пазарите и индустриите нуди атрактивни можности за инвестирање за активните инвеститори. Активно управуваните фондови на Generali Investments нудат пристап до овие приказни.  

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген