13 Мај, 2024
0.0255

Кој годинава ќе продаде леб и брашно за 21 милиони евра и од тоа ќе заработи до пола милион евра?

Објавено во: Економија 08 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Скопски „Жито Лукс“ најавува континуитет на успешното деловно работење годинава. Во неговиот план декларира дека очекува раст на добивката пред оданочување за 16% во услови кога од продажба ќе оствари приходи до 21 милион евра

Најголемата индустрија за продажба на леб, брашно и бели пецива скопски „Жито Лукс“ планира добивка од 470.000 евра годинава, пишува во нивниот финансиски план јавно достапен на веб страната на Македонската берза за хартии од вредност.

Оваа компанија годинава планира да направи континуитет во растот на приходите и во зголемувањето на добивката во споредба со 2023 година. Годинава најголемата компанија во скопскиот регион за производство на леб и пецива планира да ја зголеми продажбата за 6 отсто односно за 1,26 милиони евра и таа да достигне речиси 21 милиони евра.

Оперативните трошоци заедно со трошоците на продажба се проектирани на 20,2 милиони евра. Оперативната добивка на компанијата се очекува да биде 724.000 евра и тоа е за 7 отсто подобар резултат од претходната година.

Компанијата својот деловен план за годинава го правела врз основа на проектирана инфлација пониска од 4 отсто (според податоците на централната банка).

И од планот е видливо дека значаен ограничувачки фактор за добивката останува да биде високот ниво на финансиски расходи. На нето основа (разлика меѓу финансиските приходи и финансиските трошоци) тие се планирани на ниво од 254.000 евра. Сепак има подобрување во однос на претходната година и планираните финансиски трошоци треба да бидат за 7 отсто пониски од претходната година.

Добивката (пред оданочување н.з.) пак треба да достигне 470.000 евра односно да се зголеми за 16 отсто што секако е позитивна вест за акционерите на оваа голема прехранбена компанија.

Во сегментот на вложувања компанијата декларира дека годинава ќе вложи 1,2 милиони евра во модернизација на производствениот процес и зајакнување на своите производствени капацитети. Повеќе детали за деловниот план на „Жито Лукс“ може да најдете на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=67312

За тоа како „Жито Лукс“ работеше лани повеќе може да прочитате на следниот линк „Жито Лукс“ со најголем профит во десет години! Колкава е добивката?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот