26 Април, 2024
0.0291

Кире Лазаров те поканува на камп: Седум дена тренинг и дружење со Капитенот

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, со видео покана до идните македонски ракометари за седум дена тренинг и дружење на неговиот, трет по ред, ракометен камп кој од 20 Јуни до 02 Јули 2017 година ќе се одржи во прекрасниот Охрид. 


Официјално најдобриот десен бек во светот, со своето ракометно и животно искуство има што да им (по)каже на најмладите македонски ракометари кои ќе уживаат во седум дена тренинг, едукација и дружење со момчиња и девојчиња од целиот свет тренирајќи под будното око на неговиот стручен тим составен од најдобрите македонски тренерски и играчки имиња, надополнети со тренерски и играчки гости од странство.

Покрај веќе високо поставените стандарди кои кампот ги нуди во однос на сместување на учесниците во хотел од висока категорија, обезбеден превоз за секое дете од Македонија, комплет медицински преглед пред одржување на кампот со 24 часовна медицинска грижа, врвна спортска опрема за тренинг и хотел и  комплетно осигурување за секој учесник, организаторот најавува подобрување на условите во однос инфраструктура, обезбедување врвни тренерски и играчки имиња како гости на кампот и незаборавно дружење на идните македонски ракометари.

Иако пријавувањето за кампот стартуваше пред неколку дена огромниот интерес за учество на кампот што беше практика во изминатите две години, продолжува и оваа година со уште поголем, пополнет е половина од предвидениот број на учесници.

Кампот како проект е еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон итн.) но и со самото 24 /7 присуство на Кире Лазаров на кампот да допирнесе за поголем интерес за практикување на ракометната игра кај најмладите учесници.

Повеќе инфо на нивната официјална фејсбук страница (www.facebook.com/handballcampkirillazarov7) и на info@kmgsport,mk.

Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ