05 Мај, 2024
0.0231

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Atlantic Grupa во првото тримесечје од 2024 година забележи приход од продажба во износ од 236,6 милиони евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 9,8%. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 20,3% на 25,2 милиони евра, додека нето добивката порасна за 3,2% и изнесува 9,9 милиони евра.

„Одличните продажни резултати на почетокот на годината ни овозможија силен раст на профитабилноста и покрај значителниот раст на цената на какаото и сировините, како и логистичките предизвици кои и понатаму траат, како и растот на вложувањата во луѓе и маркетинг. Со заклучувањето на аквизицијата на Strauss Adriatica, ја потврдивме стратешката определба на Атлантик Група за зајакнување на нашиот основен бизнис, конкретно за раст на категоријата кафе, како и зајакнување на конкурентноста на регионалните индустрии и локалните брендови. Продолжуваме со значајни капитални вложувања, како и иновации во производното портфолио, меѓу кои се истакнува лансирањето на Argeta Meatless асортиманот. И покрај предизвикувачкото геополитичко и макроекономско опкружување, остануваме уверени дека ќе продолжиме со раст на бизнисот, на одржлив начин“, истакна претседателот на Управата на Atlantic Grupa, Емил Тедески.

Пијалаци, Фармација и Кафе го предводат растот

Најголем раст оствари Стратешкото деловно подрачје Пијалаци (16%), Фармација (11,8%) и Кафе (9,4%). Кафето како најголема поединечна категорија учествува во вкупниот приход со 20,1%. Во дистрибуцијата растот го предводи Стратешката дистрибутивна област Северна Македонија со раст од 11,6%, па следи Хрватска со раст од 10,6% и потоа Србија со раст од 9%. Во вкупната продажба на Atlantic Grupa сопствените брендови сочинуваат 61,9% од вкупната продажба, медицинското работење 9,5%, додека принципал брендовите учествуваат со 28,6% во вкупниот приход од продажба.

Atlantic Grupa на 1 март го комплетираше преземањето на Strauss Adriatica, сопственик на српските брендови на кафе Doncafe и C Kafa, а кои со оваа аквизиција им се придружуваат на регионалните лидери во категоријата, Grand kafa и Barcaffe. Atlantic го презеде и модерниот производен погон во индустриската зона Шимановци крај Белград, со 220 вработени, а трансакцијата претходно беше уредно одобрена од страна на Комисијата за заштира на конкуренцијата во Република Србија. Значајна новост во производната програма во првиот квартал донесе и Argeta, со лансирањето на безмесните намази со вкус на месо, во склад со растечките трендови во прехрамбената индустрија.

Пионир во известувањето по ESRS стандарди и шампион во родова еднаквост

Годишниот извештај на Atlantic Grupa за 2023 година е објавен во согласност со новите законски прописи за нефинансиско известување, што значи дека, покрај вообичаените ставки, ги применува ESRS (Европски стандарди за известување за одржливост) во рамките на одржливост, со што се воспоставува Atlantic Grupa како една од првите компании во оваа област која применува нови стандарди.Освен тоа, Atlantic Grupa Droga Kolinska е прогласена за првак на Словенија во ESG за 2024 година, потврдувајќи уште еднаш дека Atlantic Grupa подеднакво ги исполнува ESG обврските во сите три области – околина, заедница и управување. Сите показатели се поврзуваат во индексот на одржливост на претпријатието, кои укажуваат на успешноста на компанијата во реализација на годишните цели, а посветеноста на одржливиот развој беше видлива по тоа што Атлантик Група ги надмина поставените цели на индексот за одржливост за 2023 година.

Анализирајќи ја Atlantic Grupa, беше утврдена заложба за следење на родовата разновидност во компанијата и корекција на процентот на жени на раководни позиции каде што постојат такви недостатоци. Така, во Atlantic Grupa, 55% од жените се на раководни позиции, 58% во развојни програми и 52% жени вработени преку интерни конкурси, а разлика во платите нема, односно е незначителна и изнесува 2,6% во корист на жените.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото