06 Мај, 2024
0.0654

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Зголемена продуктивност и зелени стандарди ја унапредуваат конкурентноста на компанијата на пазарите на Европа.

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Основана во 2001 година со 100% домашен капитал, Кентаур Импекс започна како приватна увозно-извозна компанија која се занимава со производство и трговија на метални производи и нивна примена во современите градежни системи. Нивните производи од челик и метал се употребуваат во градежништвото на разни објекти - од спортски центри, индустриски објекти, комплекси за домување, до мостови и нафтени рафинерии.

Најзначајниот момент во историјата на компанијата беше купувањето на производните погони на фабриката ИСКРА во Куманово, што бараше понатамошни значајни инвестиции во опрема и човечки ресурси. Во исто време компанијата ја прошируваше продажбата на пазарите во европските земји, што бараше инвестиции од своја страна и усогласувања со ЕУ Директивите.

„Околу 90% од нашето производство е наменето за странскиот пазар во земјите од Европа, каде што е нужно да се усогласуваме со Европската регулатива за квалитет, безбедност и заштита при работа како и заштита на животната средина. Баравме начини како да го зголемиме сопственото производство и да ги унапредиме стандардите за заштита на околината и безбедност и заштита  на вработените.”- изјавува Зоран Стојановски, директор на Кентаур Импекс.

Со цел оптимизирање на производството Кентаур Импекс инвестираше во нова плазма машина за сечење која замени четири стари машини за сечење и овозможи целосно автоматизирано производство. Понатаму, компанијата инвестираше во нов систем за вентилација. Инвестицијата овозможи раст на продуктивноста  од 30-40%, квалитетот на финалниот производ, како и унапредување на условите за безбедност и здравје кај вработените. Понатамошен позитивен ефект е проширување на производственото портфолио на Кентаур Импекс.

Компанијата ја финансираше инвестицијата со кредит од Шпаркасе, како партнерска банка во Програмата за поддршка на мали и средни претпријатија на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ). Остатокот од инвестиции во опремата го финансираше преку кредити од партнерските банки ПроКредит Банка и НЛБ. Кентаур Импекс е една од над 200 мали и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија кои успешно имплементираа инвестициски проекти со помош на оваа програма.

„ Спремни сме да продолжиме со инвестиции во нови технологии, што е витално за конкурентноста на овие заинтересирани и строги пазари. Токму поради сето ова, се одлучивме да се пријавиме во Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП и да ги искористиме поволностите кои таа ги нуди за инвестирање во нови машини и технологии. Нашите следни инвестиции водат во правец на технологија за машинска обработка што ќе доведе до понатамошен раст на Кентаур Импекс. Притоа, поддршка од слични програми е добредојдена.“

Програмата обезбедува спој на кредити од ЕБОР и грантови финансирани од страна на ЕУ за инвестициите на МСП во партнерство со локалните комерцијални банки. Вкупно 51 милион евра се пласирани за мали бизниси во Северна Македонија и вкупно 316 инвестициски проекти. Повеќето од овие инвестиции се во производство, транспорт, малопродажба и услуги, индустрија за храна и повеќе од 60 проценти од нив се МСП лоцирани надвор од главниот град на републиката.

Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на ЕБОР е имплементирана во сите земји на Западен Балкан со цел да им помогнат на МСП во пристап до финансии. До сега, повеќе од 850 мали бизниси ги ползуваа предностите на регионалната програма.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ