13 Мај, 2024
0.0254

И WINDOWS 10 ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА - наредното користење ќе биде можно, но со надомест

Објавено во: Економија 06 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Мајкрософт официјално го исклучува Windows 10 следната година, но ако вие или вашиот бизнис сè уште имате намера да го користите, ќе треба да платите за безбедносни ажурирања за да го одржите системот безбеден за користење.

Microsoft веќе објави голема најава и постојано не потсетува на фактот дека целосно ќе го повлече оперативниот систем Windows 10 (освен одредени LTSC верзии) во октомври следната година и повеќе нема да обезбедува услуги за поддршка и безбедносни ажурирања.

Сепак, компаниите и корисниците кои веќе имаат воспоставен систем на посветени апликации и програми за бизнис може да се претплатат на програмата за продолжена безбедносна поддршка - ESU (Extended Security Updates) до 3 години. Мајкрософт сега ја откри цената, колку чини ваквото задоволство.

Според официјалната веб-страница на Мајкрософт, има вкупно три модели на Windows 10 ESU планови за деловни корисници. За традиционален клуч за активирање, таксата за првата година за ESU план по уред е 61 долар. Дополнително, секоја година цената се удвојува, што значи дека во втората година треба да платите 122 долари, додека во третата година ќе добиете сметка во износ од 244 долари.

Друга опција е да пристапите до уредот со Windows 10 на компјутерот користејќи ја околината „облак“ и клиентот Windows 11 преку Windows 365, што автоматски ќе го активира планот ESU. Оваа лиценца е вклучена во вашата претплата за Windows 365 без дополнителни трошоци и е едногодишна обврска.

Третото е решение на Microsoft за управување со ажурирања во облак, како што се Windows Autopatch или Microsoft Intune. Организациите и бизнисите можат да добијат попуст од 25 отсто, што е 45 долари за првата година (до 5 уреди), а износот ќе продолжи да се удвојува секоја наредна година.

Сепак, горенаведените цени се само за деловни корисници. Што се однесува до редовните корисници, Microsoft допрва треба да објави соопштение. Microsoft веќе еднаш ја лансираше ESU програмата поради големата популарност на верзијата на Windows 7 OS, но во тоа време програмата за проширена поддршка важеше само за деловни корисници. Овој пат Windows 10 ESU програмата додава поддршка за редовните крајни корисници, но им останува и опцијата за директно надградба на Windows 11, што дефинитивно е поисплатлив потег.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот