(ФОТО+ВИДЕО) СМРТОНОСНА ПЕСОЧНА БУРА: Однесе стотина животи
Објавено во: Свет 03 Мај, 2018
Најмалку 98 луѓе загинаа, а 143 се повредени во силна песочна бура која ја погоди северната индиска држава Раджастан и Утар Прадеш.
Многу луѓе настрадале додека спиеле кога им се срушиле куќите од силни удари на громови.
Бурата довела до прекин на електрична енергија, се корнеле дрвја од корен и уништени се куќи.
Би Би Си наведува дека песочните бури се чести во тој дел на Индија во текот на летото, но досега загинале необично многу луѓе.