05 Мај, 2024
0.0271

(ГАЛЕРИЈА) Потпишан Протоколот, силен аплауз за влез на Македонија во НАТО

Објавено во: Македонија, Галерија 06 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Амбасадорите на земјите-членки во НАТО претпладнево го потпишаа пристапниот Протокол за прием на Македонија во Алијансата во седиштето во Брисел во присуство на министерот за надворешни работи Никола Димитров и генералниот секретар на пактот, Јенс Столтенберг.


 Први потпишаа ополномоштените дипломати на Албанија, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, а понатаму и сите други. Последен потпис стави претставникот на САД, а Димитров се поздрави посебно со сите нив. Во Брисел присутен е и Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО.

„Прашање на денови е кога Македонија ќе стане Северна Македонија. Тоа е последна нација која сака да биде, а се уште не е дел од НАТО. Ова е наша стратешка цел од 1993. Ова е резултат на работа на многу генерации. Треба да напоменеме дека најзаслужно за ова е лидерството на Зоран Заев и Алексис Ципрас, но секако и на Бојко Борисов. За нас НАТО е менување на судбината, за нас НАТО е семејство на нации во кои може да се најде сигурност. Тоа е фамилија која за нас го прави светот поотворен.  Повеќе немаме државни спорови со ниту еден сосед. Патувањето не е готово. Но ќе имаме 29 пријатели и сојузници. Продолжуваат реформите во армијата, правото и дигиталниот развој. Сакам да ги поздравам сите амабасадори кои се тука и се заслужни за што побргу да го потпишеме овој пристапен Протокол - се обрати Димитров.

Столтенберг ги повикуваше сите амбасадори еден по еден да гои потпишат документот, а претходно изјави дека Македониа од сега ќе биде присутна на сите состаноци, а првиот на ниво на министри за одбра ќе биде во април.

- Ова не беше лесен пат, имаше предизвици и компромиси. Многу години бевме рамо до рамо во мисиите, но сега дојде моментот да биде официјално заедно. Од овој ден вие денеска седнувате со нас на иста маса. Од денеска ќе ја следите нашата политика и нашите одлуки заедно со нас. Вашата посветеност го направи ова денес да е возможно - рече генералниот секретар на НАТО. 



Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден