ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта
Објавено во: Македонија 16 Април, 2024
ЗАТВОРЕНИ СЕ 14 УЧИЛИШТА ВО ЗЕМЈАВА
Државниот завод за статистика излезе со податоци за бројот на ученици во основните и средни училишта во земјата за последната учебна година што заврши.
Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година
Во основните училишта имало вкупно 182 245 ученици, а во средните училишта 66 678 ученици, велат статистичките сознанија.Покрај тоа, податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.ЕП ЈА КОРИГИРАШЕ ГРЕШКАТА
Дел од медиумите во земјава вчера информираа дека на официјалната веб-страница на Европскиот парламент е објавен документ во кој пишува дека „северномакедонската“ влада предводена од премиерот Талат Џафери продолжува да ги продлабочува односите со Европската Унија.
Денеска до Министерството за надворешни работи беше поставено прашање дали министерт Бујар Османи ќе реагира за повој пропуст.
Како одговор, од МНР велат дека реагирале до Европскиот парламент, а грешката била коригирана.СНЕГ ВО РЕГИОНОТ
Снежна покривка се формираше денеска во делови од Хрватска.
Снег има на Горски Котар. Во Загреб за 24 часа температурите се намалија за дури 20 степени Целзиусови.
Невреме денеска имаше и во Словенија и Србија.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во текстилот и во туризмот генерално се задоволни од „увезената“ работна сила од странство.