03 Мај, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

Објавено во: Македонија 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

ГЛАСАА БОЛНИТЕ, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И ДИЈАСПОРАТА

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски вечерва соопшти дека денешниот изборен ден за Претседателските избори, на кој гласаа болните и изнемоштените, затворениците во казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и македонските државјани во странство, поминал мирно. Тој информира дека имале потешкотии во некои планински средини заради врнежите од снег.

„Денот на гласање помина мирно. Се отворија сите избирачки места. Имаше малку потешкотии во некои планински средини бидејќи никој не очекуваше дека денеска ќе биде толку лош ден, оти ќе биде прилично ладно, дожд, па на планински места и снег. Но се отворија сите места и сите овие категории граѓани што требаше денеска да гласат, гласаа“, истакна Даштевски во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Даштевски информира дека до 17 часот гласале вкупно 6.953 немоќни и болни лица. Потенцира дека во казнено-поправните установи гласале 2.147 лица и 534 лица сместени во посебни центри за вон семејна грижа. Посочи дека правото на глас го оствариле и две раселени лица.

Даштевски информира дека до 17 часот излезноста на македонските државјани во дијаспората е повеќе од 50 отсто.

БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА?

Откако Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија вчера јавно го кренаа гласот против самоволието на економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, за која, како што велат не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекле договорите за дело на 31.12.2023, меѓу кои имало и лица кои немаат соодветно образование за тука, директорот на Клиниката, на неговиот фејсбук профил, објави статус кој кај многумина предизвика конфузност.

Имено, според тоа што тој го напиша, кај граѓаните се наметнува впечатокот дека тој си заминува од Токсикологија, клиника во која долги години успешно работеше.

ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕ

Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра.

Минималната синдикална кошница за април чини 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, таа изнесува 75.587 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Едно четиричлено семејство за храна и пијалаци троши 22.200 денари или 36,9 отсто, за облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари или 3 отсто, за здравје 1.059 денари или 1,8 отсто, за транспорт 5.068 денари, односно 8,4 отсто.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фармацевтската компанија „Реплек“ продолжува да биде едно од најинтересните акционерски друштва, особено за инвеститори кои купуваат акции преку блок трансакции на Берзата.

Подоходовните акционерски друштва и и институции во државна сопственост биле задолжени од Владата да издвојат 270 милиони денари (4,42 милиони евра) и да им ги дадат како „позајмици“ на претпријатијата кои со години се мачат во своето функционирање и чии работници најавуваат протести и штрајкови дури и во предизборен период.

Не огласи се бараат куќни помошнички и тоа најчесто за работа во Скопје. Како што е наведено во огласите, бараат жена која ќе се грижи за домот, ќе готви и ќе ја одржува хигиената.

Јагнињата стивнаа, а струмичката компанија „Кланица со ладилник“ инкасираше 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко на хрватскиот пазар. Католичкиот Велигден на оваа струмичка фирма и донесе профит од 1,07 милиони евра за првите три месеци годинава

Акционерското друштво „Европа“ има закажано Собрание на акционери за 15 мај годинава, и за него се предложени бројни предлог одлуки, меѓу кои и онаа за распределба на дивидендата од добивката остварена од ланската добивка, за што веќе пишуваше Фактор.

Македонските граѓани најмногу се „заглавени“ во банка за потрошувачки кредит, ама подолг период наназад се повеќе сакаат да земат кредит за купување на стан.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите