ДОСЕГА НЕВИДЕНО: Вулкан се движи кон морето
Објавено во: Свет 04 Мај, 2018
Најновите истражувања покажуваат дека вулканот Етна полека, но сигурно се лизга кон Средоземното Море.
Ова е првпат научници да забележат движење на вулкан, благодарение на повеќе од 100 GPS станици поставени на планината Етна, кои собираат податоци во врска со нејзиното позиционирање последниве 11 години.
Лизгањето е бавно, но е незапирливо, а како вулканот ќе тоне ќе предизвикува и други опасности како создавање на цунами во околните региони.
Ова постојано движење ќе претставува проблем и за вулканолозите, затоа што ќе имаат потешкотии да предвидат кога ќе се случуваат следните ерупции и во кој правец ќе тече магмата.
Податоците покажуваат дека вулканот се движи во источен и југоисточен правец, надолу за 1-2 степени, кон крајбрежниот град Џаре кој се наоѓа на 15 километри оддалеченост од него.
Годишно вулканот се придвижува во просек 14 милиметри што значи дека опасноста не е непосредна, но опасноста во бавното движење е што тоа ќе предизвика создавање на притисок и стресови кои ќе водат до поголеми промени во пределот.
Доколку за 10 години брзината на движење е двојно зголемена, тогаш тоа би било опасно.