ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Утринава правото на глас го оствариле над 20 000 граѓани.
„Гласањето се одвива мирно и без пријавени неправилности на сите избирачки места, а започнато е на сите избирачки места“, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Македонија денеска гласа за избор на претседател на државата. Во 13.30 часот ќе има повеќе детали за тоа колкава е излесноста по општини.