05 Мај, 2024
0.0304

ДИРЕКТОРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ И ДО 4.800 ДЕНАРИ, НО НАСТАВНИЦИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ - Димовски од ССМ се прашува каде е солидарноста во постигнатиот договор на СОНК

Објавено во: Македонија 26 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој преговара со Владата за зголемување на платите во целиот јавен сектор, со барање тие да се покачат линеарно за 2.806 денари за сите вработени, од најниското до највисокото ниво, смета дека постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК, иако е добро што се најде решение, ги стави во нееднаква положба директорите на училиштата и наставниците, односно разликите во платите меѓу нив сега ќе бидат уште поголеми.  

Како што е познато, вчера меѓу Владата и СОНК падна договор да се зголеми платата на вработените во училиштта и во градинките за по 12 отсто, а наставата која беше прекината поради штрајкот, да продолжи од среда.

„ССМ се стремеше, но и сеуште се стреми за линеарно зголемување на платите во целиот јавен сектор, и тоа за по 2.806 денари. Што значи на сите 132.000 вработени во јавниот сектор, каде што влегуваат и 35 илјади вработени во образованието, да им се зголемт платите за по 2.806 денари, од највисоките до најниските позиции, од хигиеничарката - до претседателот на државата, од помладите наствници, па се до директорите на училиштата. Нашата цел е, во овој тежок период на инфлација, да им се помогне на сите вработени во јавниот сектор, така што платите би се зголемиле линеарно, а не процентуално, што всушност би бил еден солидарен модел кон оние вработени со пониски плати. Или, што би се рекло, модел според кој ‘и војниците и генералите’ би добиле исто зголемување, односно линеарно за сите, од по 2.806 денари“, вели во разговор за Фактор Дарко Димовски, прв човек на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Првиот човек на ССМ се прашува кој бил мотивот на СОНК што се бореше за процентуално зголемување на платите на вработените во училиштта.

„Ова што сега го прифати Јаким Неделков ја поставува дилемата дали СОНК со штрајкот се бореше за поголеми плати на директорите на училиштата, или за учителите и наставниците, односно работниците. Бидејќи, ако еден директор на училиште сега зема плата од околу 40.000 денари, тоа значи дека неговите 12 отсто ќе значат дека ќе добие зголемување од 4.800 денари, додека, пак, ако еден помлад наставник зема 22.000 денари, значи дека ќе има зголемување од само 2.640 денари“, се прашува Димовски.

Исто така, како што објаснува претседателот на ССМ, СОНК прифатија зголемувањето да стартува од први јули, а ССМ се залагаше и се уште за тоа преговара со Владата, зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор да биде од мај, или во најлошата варијанта, што е црвена линија за Синдикатот, од јуни оваа година, односно во следните шест месеци од усоглсувањето на просечната со минимлната плата.  

„Тоа што прифатија зголемувањето на платите да стартува од први јули, уште повеќе нас како ССМ ни ги поткопува преговарачките позиции со Владата за општиот колективен договор во јавниот сектор, каде ние децидно баравме платите да се зголемат линеарно за 2.806 денари од мај или јуни како најлоша варијанта. Но, ние остануваме на нашите преговарчки позиции во преговорите со Владата за општиот колективен договор за платите да се зголемат линеарно, за 2.806 денари, од хигиеничарката, до претседателот на државата“, објаснува Димовски за Фактор.

Тој вели и дека ССМ преговара за повисоки плати за дури 132.000 луѓе, односно целиот јавен сектор, додека, пак, СОНК тоа го издејствува за 35 илјади вработени во образованието.

Димовски додава и дека она зголемување што тие го бараат, од 2.806 денари, е околу 11,4 отсто, но поентата е дека тоа зголемување би било солидарно распоредено со тоа што поголемо зголемување би добиле оние со пониски плати во јавниот сектор.

Инаку, како што е познато, по три часа преговори вчера во Владата, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, пред медиумите објави дека е договорено зголемување на платите во основното и средното образование, како и во градинките, од 12 отсто, со ребалансот на буџетот во јули.

„Беа разгледување и други прашања, како патните трошоци, регресот за годишен одмор, колективните договопри кои предизвикуваат внимание. Во овој момент тоа е максимумот кој можевме да го изнудиме“, рече Неделков.

Денеска претстојат консултации со членството, а до вечер треба да биде соопштено кога ќе продолжи наставата, а најверојатно тоа ќе биде од среда.

„Уште еднаш им се извинувам на родителите и учениците, но наставниците ќе се заложат максимално за знаењата да бидат надополнети“, додаде Неделков и најави настава со скратени програми.

Димовски, пак, нагласува дека на наставниците од средните и основните училишта, нема да им бидат платени деновите поминати во штрајк, со што тие се оштетени.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува